Откриено е кога Huawei би можеле да го претстават новиот Mate 30 Pro: Еве која е најголемата новост

Точка

13/08/2019

16:30

3.136

Големина на фонт

а а а

Покрај стандардните најнови технологии со кои Huawei планира да им конкурира на останатите производители, најновиот уред ќе користи и целосно нов процесор.

Самсунг минатата седмица и официјално ги претстави новите Galaxy Note 10 и Galaxy Note 10+, што значи дека нема долго да чекаме на тоа да одговори конкуренцијата. Huawei работи на претставувањето на новиот Mate 30 Pro кој најверојатно ќе биде претставен на 19-ти август.

Кинескиот технолошки гигант планира да вгради целосно нов процесор – Kirin 990. Според кинеските медиуми, претседателот на одделот на Huawei за потрошувачки софтвер, доктор Ванг Ченглу, на новинарите на прес-конференцијата им открил дека Mate 30 Pro својата премиера ќе ја има во Европа.

Од Huawei најавуваат дека новиот процесор ќе има висока енергетска ефикасност.

Што се однесува до другите гласини “Ice Universe” предвидува дека уредот ќе дојде со два сензори од 40 мегапиксели. Mate 30 и Mate 30 Pro ќе користат EMUI 10 оперативен систем кој се темели на Android Q.



Спонзорирани линкови

Маркетинг