Беше голема ѕвезда, а сега оди во затвор: Поради пиштоли, дрога и панцир добил 3 и пол години затворска казна

Точка

13/08/2019

14:25

3.943

Големина на фонт

а а а

Пресудата му е потврдена.

Важел за огромен талент во средно училиште и предвидена му била прекрасна кариера во НБА лигата поради која го прескокнал колеџот и веднаш заминал помеѓу “големите момци“, но Себастијан Телфер никогаш не го остварил својот потенцијал. Некогашниот голем талент на крајот ќе мора да отслужува затворска казна.

Телфер бил драфтуван во 2004-та година како 13-ти пик и поминал 10 години менувајќи ги тимовите, а играл и за Портланд, Бостон, Минесота, Клиперс, Кливленд, Финикс и Оклахома пред да замине во Кина.  

Првите проблеми почнале во 2007-та година кога бил уапсен поради недозволено носење оружје. Тогаш се изјаснил како виновен и добил условна казна од три години. Повторно бил запрен пред две години кога возел без дозвола, а во неговиот автомобил пронајдено е оружје, марихуана и панцир. Иако се изјаснил дека не е виновен сепак осуден е на затворска казна од 3 и пол години која денес е потврдена и наскоро ќе се најде позади решетки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг