Call of Duty: Modern Warfare ќе добие Battle Royale

Точка

13/08/2019

15:33

407

Големина на фонт

а а а

Новото продолжение од франшизата Call of Duty се чини дека ќе добие Battle Royale мод кој ќе биде посебен од главната игра, а најверојатно ќе биде и бесплатен.

Деновиве се појавија гласови дека новата Call of Duty: Modern Warfare која ќе биде пуштена во продажба за неколку месеци ќе добие и Battle Royale мод кој ќе се појави на почетокот на 2020-та година.

Од компанијата Activision не сакаат Battle Royale модот да биде надградба на основната игра, но ќе биде можно да биде превземен бесплатно.


Секако, целта е да бидат привлечени што е можно повеќе играчи. Со други зборови, една од најпопуларните франшизи на видео игри ќе го следи примерот на поновите игри како Apex Legends која што привлече огромен број на играчи.

Инаку, Battle Royale модот на Call of Duty: Modern Warfare ќе поддржува учество на 100 играчи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг