Го сруши и мегапопуларниот „Frozen“: Ова е најуспешниот анимиран филм на сите времиња

Точка

13/08/2019

13:11

3.636

Големина на фонт

а а а

Новото издание на Дизниевиот „Кралот лав“ стана најуспешниот анимиран филм на сите времиња, пишуваат од „Cinema Blend“.

Со севкупна заработка од 1.3 милијарди долари, „Кралот лав“ од тронот успеал да го сруши и мегапопуларниот „Frozen“ кој исто така е обраборка на Дизни.

„Frozen“ заработил 1.2 милијарди долари.

И додеак многумина ќе се побунат и ќе кажат дека модерното издание на „Кралот лав“ не може да се нарече анимиран филм во целосна смисла на зборот сепак таа “фотореалистична“ обработка е најуспешен римејк на Дизни со што мора да се помират и оние кои не го сметаат за анимиран филм.

А тој филм е рекордер и во заработка доколку го сметата за „live-action“. Го престигнал и „Убавицата и ѕверот“ кој досега водел во таа категорија на филмови.

Освен „Кралот лав“ и „Frozen“, меѓу најуспешните анимирани филмови се „"Incredibles 2“, „Minions“, „Toy Story 3“, „Despicable Me 3“, „Finding Dory“ и „Zootopia“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг