Девет жени го обвинија Пласидо Доминго за сексуално злоставување: „Насекаде нè допираше...“

Точка

13/08/2019

12:40

1.672

Големина на фонт

а а а

Сепак како што се зборува, постои и друга страна на Пласидо Доминго, не толку восхитувачка. Луѓето кои се долго во негова близина тоа го нарекуваат - “таен оперски свет“.

Хосе Пласидо Доминго (78) обвинет е од страна на повеќе жени, кои тврдат дека популарниот оперски пејач се обидел да ги натера на сексуални односи.

Доминго, диригент и директор на операта во Лос Анџелес, младите жени често ги носел во ситуации во кои биле крајно непријатни, а над десет луѓе ќе сведочат на суд, бидејќи биле сведоци на непристојно однесување на популарниот уметник.

„Верувам дека сите мои разговори и односи биле добредојдени и обострано прифатени“ - изјавил Пласидо.


Доминго е повеќекратен добитник на Греми, неизмерно почитуван лик во светот на операта, кога станува збор за талентот и достигнувањата, а колегите го опишувале како човек со неизмерен шарм и енергија кој неуморно работи на промоции на своите уметнички форми.

Со 78 години тој уште привлекува публика од целиот свет и продолжува да додава уште улоги, на оние 150 кој ги отпеал во претстави со околу 4.000 настапи, што е повеќе од било кој друг оперски пејач.

Кога станува збор за моменталните обвиненија, станува збор за осум пејачки и една танчерка кои изјавиле дека оваа шпанска ѕвезда сексуално ги злоставувал и дека сето тоа траело од 1980-та година кога Доминго веќе бил популарен.

Некоја жена изјавила дека Доминго ја ставал неговата рака под нејзиното здолниште, а три од нив изјавиле дека тој инсистирал на бакнување во гардероберите, хотелските соби, состаноци за ручек.


„Деловниот ручек не е непознат... Некој се обидува да ве држи за рака во текот на деловниот ручек - тоа е чудно. Или пак да ја става неговата рака на вашето колено. Секогаш ме допираше на некој начин и секогаш ме бакнуваше“ - изјавила некоја жена.

„Обвиненијата од страна на неименувани поединци кои се однесуваат на период од 30 години наназад се многу загрижувачки и како такви неточни. Болно е да се слушне дека јас некој сум го вознемирувал или натеарл да се чувствува непријатно без оглед на тоа пред колку време се случило тоа. Верувам дека сите мои интеракции и врски секогаш биле добредојдени и согласни. Луѓето кои ме познаваат, оние кои работеле со мене знаат дека јас тоа на никој никогаш не би му го направил“ - официјално соопштил Пласидо Доминго.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk