Гајсер: Завршена е политичката кариера на Заев

Нетпрес

13/08/2019

12:07

6.935

Големина на фонт

а а а

Ларис Гајсер, соработникот на италијанскиот весник „Ла Верита“, во денешната емисија во живо на италијанското „Радио Каподистриja“, меѓу другото, рече дека по објавувањето на аудио разговорите очекувал дека лицата чии гласови се слушаат ќе негираат дека се работи за нив.

Гајсер ги анализираше случувањата поврзани со аферата „Рекет“ и притоа исткана дека „претседателот (Стево) Пендаровски со прес-конференцијата покажа дека полека се дистанцира од Заев“.

"Не спиев од страв дека луѓето од снимките ќе негираат дека се тие. Нешто што е сосема легитимно. Но, сите признаа дека се работи за нив", рече Гајсер.


Притоа посочи дека „се разоткри системска корупција, политичка и судска.

" Се стравуваше дека ќе исчезнат доказите, затоа јавно ги објавивме", додаде новинарот.

Исто така, тој рече дека политичката кариера на македонскиот премиер Зоран Заев е завршена. Според него, Заев нема меѓународен кредибилитет и навестува сммена на премиер во Македонија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг