И Џорџ Клуни “фатен“ во скандал на векот!: Љубовницата на милијардерот Џефри Епстајн се фалела дека имала секс во тоалет со актерот

Супермен

13/08/2019

09:49

3.184

Големина на фонт

а а а

Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни (58) наводно имал секс со Жислен Максвел, која била љубовница и една од измамничките на починатиот милијардер педофил.

Максвел ги мамела девојките и девојчињата и ги носела кај американскиот педофил Џефри Епстајн кој е пронајден мртов во својата затворска ќелија во Њујорк саботата

Жислен Максвел наводно се фалела дека орално ја задоволувала холивудската ѕвезда во тоалет.

На Клуни во овој скандал кој со денови ја тресе американската и светскаја јавност го вовлекла “секс робинката“ на Епстајн, Вирџинија Робертс запишувајќи го тоа во својот мемоар кој го обелоденила пред њујоршкиот суд само еден ден пред смртта на милијардерот, пишуваат во „The Sun“.


Вирџинија пишува дека Максвел се фалела со тоа уште од 2001-та година во текот на некое патување кое кулминирало со нејзино запознавање со принцот Ендру, пријател на Епстајн кои теоретичарите на заговор дури го обвинуваат за смртта на милијардерот.

„Сакаше да се фали со своите сексуални искуства. Во една прилика со восхит ми зборуваше дека орално го задоволувала Џорџ Клуни во тоалет на некоја забава“ - запишала Вирџинија.


Уште не е јасно кога се случил тој инцидент, меѓутоа „The Sun“ истакнуваат дека нема ознаки дека Клуни на било кој начин бил вмешан во секс со малолетнички или дека бил дел од оргиите кои Епстајн ги организирал.

Џорџ Клуни кој е оженет со Британката Амал Клуни не сакал да ги коментира овие напади.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk