Компанијата Rimac го спасува Audi R8

Супермен

12/08/2019

18:11

2.474

Големина на фонт

а а а

Audi R8 би можел да има иднина благодарение на автомобилската компанија Rimac Automobili.

Според магазинот Car, R8 ќе добие електричен наследник во 2023 или 2024 година, а ќе биде наречен RS e-tron. Audi наводно договара соработка со Rimac, кој е еден од лидерите во производство на компоненти за електрични автомобили. 

По импресивните резултати од неговите концепти – Concept One и C_Two, Rimac стана важен играч во сегментот на електричните возила.


Веќе соработувал со сестринската компанија на Audi – Porsche, а се шпекулира дека ќе соработува и со Bugatti на првиот SUV на француската компанија, а можеби и со Lamborghini.

Сите наведени брендови се дел од германската Volkswagen група. Rimac наводно ќе го снабдува Audi со четири електрични мотори и батерии за брзо полнење.


Се шпекулира дека електричниот Audi R8, поточно RS e-tron би требало да забрзува од 0-100 км/ч. за 2,5 секунди со погон на сите четири тркала. Со оглед на тоа што може да се заснова на платформата J1 на која Porsche го изгради Taycan, електричниот R8 би можел да поседува 950 коњски сили со автономија до 500 километри.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk