Се фали со фотографии во костим за капење, а фановите ѝ порачуваат: "Сè ти 'претекува'"

Точка

12/08/2019

15:10

5.187

Големина на фонт

а а а

Па сè ти претекува надвор. Треба да носиш примерни костими за капење, бидејќи ова не изгледа привлечно, коментирале фановите на плус-сајз моделот Ешли Греам.

Американката Ешли Греам, модел за пополни жени, нема проблеми со своите килограми. Греам гордо објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи, како оние во долна облека или пак во костим за капење. Така неодамна своите 8 милиони фанови ги почестила со фотографии во минијатурен костим за капење, кој повеќе откривал отколку што сокривал. 

"Една зад сцената", напишала Греам која моментално снима моден едиторијал за марка на костими за капење за пополни жени.

"Па сè ти претекува надвор. Треба да носиш примерни костими за капење, бидејќи ова воопшто не е привлечно", се само некои од коментарите под фотографијата. И додека едни сметаат дека Греам изгледа одлично во летното издание, други се противат на тоа и велат дека вишокот на килограми не е здрав за телото.

"Таа не би требало да промовира вишок на килограми, бидејќи многу луѓе се борат со нив", пишува еден пријател. Но, Ешли баш и не се согласила со нив. За да промовира здрав начин на живот, оваа Американка секој ден оди во теретана.

"Никогаш не дозволив телото да ме попречува во напорните тренинзи. Градите, задникот, стомакот, ништо не може да ме сопре да се движам и да имам контрола над своето здравје", напишала под видеото. Бројни фанови коментирале дека го разбираат проблемот на оваа манекенка.

Ешли повеќе од 8 години е во брак со филмскиот продуцент Џастин Ервин, а еднаш споделила и совети што треба да се прави за страста да не исчезне.




Спонзорирани линкови

Маркетинг