,,Епл” нуди награда за хакерите од милион долари

Макфакс

12/08/2019

11:43

930

Големина на фонт

а а а

„Епл“ им понуди рекордна награда од еден милион американски долари на професионалци за компјутерска безбедност, доколку можат да најдат начин за хакирање на „Ајфон“, соопшти компанијата.

На годишната конференција за безбедност на компјутери „Блек Хет“ во Лас Вегас, „Епл“ ги повика експертите од целиот свет да побараат безбедносни „дупки“ во нивниот паметен телефон.

Наградата од еден милион американски долари ќе биде платена само доколку успеат да го хакираат Ајфонот од далечина, без директно да контактираат со телефонот. Досега, „Епл“ за ваковиот потфат нудеше награда од 200 000 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг