Претседателот на Србија Александар Вучиќ за случајот „Рекет“: „Колку што знам јас, ќе има уште изненадувања“

Точка

11/08/2019

15:16

8.649

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денес се обратил во јавноста од зградата на Генералниот секретаријат.

Покрај политичките прашања кои му биле поставени за ситуацијата во државата тој од новинарите добил и прашање за случајот „Рекет“ кој деновиве ја “тресе“ политичката сцена во Република Северна Македонија.

На прашањето на новинарите за аферата „Рекет“ во нашата република, претседателот изјавил дека не се меша во внатрешните прашања на другите држави.

„Како што дознав од добро известени италијански извори, тука ќе има уште изненадувања, а сега верувам дека Зоран Заев го разбира она што му го зборував за одредени лица кои се далеку од Србија“ - изјавил Вучиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг