Сончев и многу топол ден со температури до 40 Целзиусови степени

Макфакс

11/08/2019

10:19

1.126

Големина на фонт

а а а

Метеоролозите за денес најавуваат сончево и многу топло време.

Од управата за хидрометеоролошки работи информираат дека минималната температура во текот на денот ќе биде помеѓу 13 и 21, а максималната ќе достигне од 33 до 40 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје исто така се најавува сончево и многу топло време со слаб североисточен ветер, а температурата во главниот град ќе се искачи до 39 Целзиусови степени. 

До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот. Ќе биде активирано жолто, а за некои региони портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење. 

Во среда попладне и во четврток ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд и грмежи. Од четврток ќе има и намалување на температурата, најпрво во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг