Боки 13 му потврдува на Камчев дека се видел со Заев и нема да прави проблеми

Нетпрес

10/08/2019

12:03

4.031

Големина на фонт

а а а

Македонија веќе трет ден ја тресе скандалот со начинот на изнудување на рекет од страна на Боки 13 врз Орце Камчев, но и вмешаноста на Катица Јанева, а со денешната бомба на италијанскиот весник „Ла Верита“ и Зоран Заев.

Во дел од видеото јасно се слуша дека Боки 13 му вели на Камчев дека се видел со Заев во понеделникот и дека нема да направи проблем.

Бојан 13: Ова е исто меѓу нас

Орце: Што?

Бојан 13: Да видиш како ми е дома наместено…Да видиш ти З.З.

Орце: Добро, тебе ти се другари. За нив ја играш играта. Дај малку винце до пред врата донеси ми. Мислам дека З.З. нема да ми направи проблем мене во секој случај.

Бојан 13: Јас разговарав со него во понеделникот.

Орце 13: Се виде со него во понеделникот?

Бојан 13: Аха

Орце 13: Нема да прави проблем, така?

Бојан 13: Не

Видеото од нивниот разговор можете да го проследите од 17-та минута од ова видео.



Спонзорирани линкови

Маркетинг