Орце Камчев до Боки 13: “Ние бизнис тераме, не уценувања. Мијалков нека си срка”

Точка

10/08/2019

10:50

11.144

Големина на фонт

а а а

Во денешниот разговор за случајот “Рекет”, објавен од страна на италијанскиот весник “Ла Верита”, осомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 зборува за обвинителката Лиле Стефановска и споменува дека ќе се види со Зоран Заев, а двајцата зборуваат и за Сашо Мијалков, кој е осуден на три години затвор за случајот “Титаник 2”:

Боки 13: Кога викаш дека си законски чист, јас те разбирам. Многу маневрации си ги направил премногу интелигентно. 

Орце Камчев: Јас и ти сме слични за тие работи.

Боки 13: Не може да правиш како Сашо Мијалков, тоа е п*чкин дим за тебе. Да не беше Мијалков во предметот и целата таа фама дигната, ништо не се случува. За мозок никој не може да ти оспори. Ако порано беше дека само се к*рчи и татко му направил пари, сега веќе не.

Орце Камчев: Татко ми се друга генерација луѓе.

Боки 13: Друга.

Орце Камчев: Шефе, Македонија треба да искористи такви луѓе како мене, како тебе. Во различни сегменти. Не да ги гази во секој поглед.

Откако Боки 13 му вели на Орце дека Мијалков ќе оди во затвор, тој се оградува од него.

Боки 13: Прислушуваните материјали.

Орце Камчев: Палчо и компанија, шо со тоа?

Боки 13: Не бре тоа, пресуда ќе има.

Орце Камчев: Ааа.

Боки 13: Мијалков.

Орце Камчев: Кога? Ама тоа за ова, до таму дојде?

Боки 13: Вероватно одма у затвор ќе го стават, на лежење.

Орце Камчев: Ако е поголема казната, сигурно тоа… Шефе, од таму се сите г*мна. Не сме слушале јас и ти, не сме праеле. Кој си слушал, нека си праи… Си сркал… А бе ние бизнис тераме, не тераме полиција, политика, прислушкувања, уценувања, глупости. Не сме научени на такви приказни, на таков начин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг