Сончево време со температура до 41 степен

Макфакс

10/08/2019

10:42

669

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб претежно североисточен ветер. Минималната температура ќе биде помеѓу 14 и 23, а максималната ќе е помеѓу 34 и 41 степен.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 21 до 39 степени, соопшти УХМР.

До среда (14.08) ќе се задржи сончево и многу топло време. Ќе биде активирано жолто, а во некои подрачја и портокалово ниво за опасност од високи температури, а и индексот на УВ зрачење ќе е особено висок. Во среда попладне и во четврток ќе има зголемена облачност и локален пороен дожд со грмежи, а температурите од четврток малку ќе опаднат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг