И Словенците имаат фантастичен автомобил: Запознајте го Tushek TS 900

Точка

09/08/2019

16:15

3.322

Големина на фонт

а а а

Откако неодамна од просторот на Балканот се прослави хрватската компанија Rimac, сега во светот на хиперавтомобилите влегуваат и Словенците со Tushek.

Словенскиот производител Tushek го претстави својот TS 900 H Apex хиперавтомобил. Тежи само 1,4010 килограми, па затоа воопшто не зачудуваат неговите импресивни перформанси.


За погон е задолжен 4,2-литарскиот V8 мотор, кој во комбинација со електромотор произведува вкупно 937 коњски сили и 1033 Nm максимален обртен момент.


До „стотка“ забрзува за само 2,5 секунди, а максималната брзина на овој словенечки ѕвер е над 350 километри на час. Сепак, малку поскромно звучи неговата електрична автономија која има досег од само 50 километри.


За поголемо производство засега нема најави, но сепак ова е и повеќе од одличен старт за словенечката компанија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг