Алијансата за Албанците бара да се отвори истрага за предметот во кој е осомничен Бујар Османи

Макфакс

08/08/2019

14:52

1.031

Големина на фонт

а а а

Алијансата за Албанците бара под итно да се превземат сите законски мерки за да се расчисти целосно случајот „Рекет“ и да се прошири истрагата. Истовремено од партијата на Зијадин Села преку соопштение бараат да се отвораат истраги за сите предмети кој што се во предистражна постапка, како што е предметот ,,Пациент” и други.

„Случајот ‘Рекет’ е доволен доказ дека сите тие случаи се пропаднати поради рекет, додека видео-матерјалот кој што е објавен денес го потврдува тоа. Алијансата за Албанците уште еднаш го повторува барањето за Обвинител од ЕУ како решение за излез од ќорсокакот во кој е најден нашиот правосуден систем“, велат од Алијансата преку соопштение.

Инаку, во случајот „Пациент“ СЈО заедно со уште 14 лица го сомничи Бујар Османи дека како екс-министер за здравство од 2010 одобрил предлог на Комиисија за јавни набавки која пак спровела фаворизиран тендер за бугарска фирма која била избрана да реконструира неколку болници низ земјава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг