На ред дојдоа и електричните автомобили: Tesla Model 3 во издание на Novitec

Точка

08/08/2019

16:41

2.254

Големина на фонт

а а а

Тјунерска компанија Novitec е најпозната по модифицирањето на суперавтомобили како Ферари, Мекларен, Ламборџини и слично, а сега на ред дојдоа и електричните автомобили.

Неодамна, уште една компанија се придружи на портфолиото на германската тјунерска компанија – станува збор за Tesla. Откако завршија со модификациите на Model S, од Novitec сега се сконцентрираа на Model 3.

Секако, не е трошено време на беспотребно модифицирање на погонот, затоа што перформансите се унапредени со други компоненти за аероднинамика, а визуелно може да се каже дека најмногу доминираат новите спортски фелни.


Tesla 3 доби и нов спојлер и дифузор, но се е тоа одлично склопено за да не се наруши препознатливиот изглед на автомобилот на американската компанија.


Сите дополнителни компоненти се направени од карбонски влакна за да се одржи масата ниска. Не е познато до која мера е модифицирана аеродинамиката затоа што Tesla 3 има совршено низок отпор на ветер, но не би било чудно доколку модифицираната верзија на Novitec поради тоа добие за неколку километри поголема автономија.


Што се однесува до ентериерот на автомобилот, задржан е минимализмот, со тоа што Novitec нуди избор на кожа и алкантара во бои кои ќе ги посака купувачот. Цената по која ќе се продава овој автомобил не е позната.




Спонзорирани линкови

Маркетинг