Грк претепан на Халкидики поради пешкир на плажа: Го тепале пред жената и децата

Точка

06/08/2019

21:22

26.595

Големина на фонт

а а а

Гркот бил претепан бидејќи сакал да заземе место на плажа во близина на бар, на што имал право.

Мажот од грчка националност бил претепан на плажа на Халкидики во присуство на сопругата и децата, само затоа што сакал својот пешкир да го посетеле во близина на барот на плажата. 

Во Грција, инаку, важи правилото да нема приватни плажи, туку закупците можат да земат само дел од плажата и тоа така што првите три метри мора да ги остават слободни, односно секој што ќе дојде да ги користи бесплатно. Меѓутоа, за тоа право и самите Грци мора буквално да се изборат поради дрските и алчни закупци.

Токму тоа му се случило на овој Грк, чие видео за предупредување на туристите било објавено на Фејсбук страната "Live From Greece".

"Продолжува окупацијата на плажите од страна на бич баровите на Халкидики! Човекот со своето семејство дошол на плажата Ахлада во близина на Сарти, ги поставил своите работи за да се искапе и да го мине денот на плажа. Во тој момент му било побарано да замине од страна на сопственикот на бич барот. Кога одбил, почнале да го исфрлаат членовите на обезбедувањето, а како што вели самиот - горилите", напишал еден од администраторите на оваа група на Фејсбук.

Потсетуваме, во Грција не постојат приватни плажи и туристите секоја плажа можат да ја користат бесплатно. Постои можност за закуп на плажата, но тој не се однесува на просторот покрај самото море и ширината до три метри од водата.

И покрај ова правило, многу закупци не им дозволуваат на гостите да пријдат до водата, а проблеми често настануваат и доколку се обидете внесете свој фрижидер, храна, пијалаци, да раширите пешкир, односно да одбиете да користите лежалка или било каква услуга од која сопственикот на барот ќе профитира.

Против закупците кои буквално ги окупираат плажите, организирани биле неколку протести во Грција минатото лето.

Доколку вакво нешто ви се случи и на вас, советот е да се обратите во полиција или во крајбрежната стража.



Спонзорирани линкови

Маркетинг