Некогаш голема надеж на португалскиот фудбал, 31-годишниот Фабио Паим поради дилање дрога завршил во затвор.
Паим бил еден од најталентираните португалски фудбалери. Дури и славниот Кристијано Роналдо во една прилика изјавил дека тој е подобар од него.
„Доколку мислите дека јас сум добар, почеајте да го видите Паим“ - изјавил Роналдо кога од Спортинг преминал во Манчестер Јунајтед.
Роналдо денес според многумина е најдобар фудбалер на светот, а Паим станал обичен дилер на дрога.
Британското списание „Sun“ пренесува дека Паим и 43-годишната жена заедно биле уапсени затоа што полицијата им ги прислушкувала разговорите на телефон и заклучиле дека станува збор за трговија со дрога. Во текот на претресот во куќата запленети биле 12 грама кокаин и автомобил со марка BMW.
Паим ги поминал сите млади категории за репрезентацијата на Португалија, одиграл 42 натпревари за младата селекција, но никогаш не дебитирал во А тимот. Од Спортинг заминал во Лисабон. Во 2008-та година четири месеци поминал во Челси како позајмица, но не успеал да се наметне на тогашниот тренер. Останал во Спортинг до 2010-та година, а потоа се “селел“ по разни клубови. Играл и во Катар, Луксембург, Малта...
„Кога денес би ми се случило истото би бил трпелив. Во тоа време, бидејќи имав многу слободно време, повеќе се глупирав“ - признал во некое интервју Паим.