Од четврток температури до 41 степен

Макфакс

05/08/2019

13:13

1.057

Големина на фонт

а а а

Под влијание на многу топла воздушна маса во наредните денови ќе има пораст на температурите на воздухот.

Особено топло ќе биде од четврток до средината на наредната недела, кога ќе биде активирана жолта фаза за високи температури, а во некои региони и портокалова фаза, соопшти УХМР.

Според најавите на метеоролозите, во некои места максималните температури ќе достигнат 41 степен в сабота и в недела.



Спонзорирани линкови

Маркетинг