Во Македонија има само 44 електрични возила во 17 градови

Нетпрес

01/08/2019

15:54

7.780

Големина на фонт

а а а

Електрификацијата е следниот важен чекор во автомобилската индустрија и нема производител што не размислува, не работи ли пак веќе нема вакви возила во својата понуда.

Сите држави работат на инфраструктура з аовие електрични возила, и секој производител дополнително вложува во мрежа на електрични полначи. Така ќе се овозможи побрзо да се развие и мрежата и понудата на возила, и да не бидат ограничени само за користење во градски услови.

Се користат и разни субвенции и поволности за сите оние што сакаат да купат вакво возило. Македонија наскоро ќе го дополни Законот за возила според кој нема да има субвенционирање купување на електрични возила. Единствената субвенција ќе биде да се добие поволност за купување возило по принципот „старо за ново“, но не и за електрично или хибридно возило. Плус ќе може да се добие субвенција за вградување н аплин или метан во возилото.

Македонија не ги следи светските трендови и во моментов има регистрирано само 44 електрични возила. Нема податок колку од нив се во сопственост на физчки лица, а колку на компании. Овие 44 електрични возила се само 0,01 отсто од вкупниот број на возила во Македонија. Според Државниот завод за стаитстика, возниот парк во Македонија го сочинуваат 415.062 возила.

Во Македонија има само 40 јавни полначи за електрични возила, и тоа во 17 градови. Тоа е премалку за да се зголеми бројот на продадени електрични возила. Најголемиот дел од полначите се во Скопје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг