"Чудовиште" од 4,7 метри ги шокираше и експертите: Во желудникот му пронашле плочка која може да значи само една работа

Точка

01/08/2019

21:27

22.021

Големина на фонт

а а а

Крокодилот Ем Џеј угинал во јуни на крокодилска фарма во близина на Рокемптон во Австралија, а сопственикот прилично се изненадил кога ја истражиле содржината на нејзиниот желудник.

Имено, во стомакот на 4,7 метри долгиот рептил пронашле хируршка ортопедска плочка заедно со разни камчиња кои служат за полесно варење на храната. 

"Во утробата на крокодилот секогаш може да се најдат чудни работи, но ортопедска плочка, па... на тоа не се надевавме", рекол сопственикот на фармата Џон Левер.

Засега не се знае дали плочката припаѓала на човек или на домашно милениче.

"Крокодилот веројатно нешто изел, а ако бил миленик, судејќи по големината на плочката, тоа е куче", рекол сопственикот на фармата, Џон Левер.

Ем Џеј имал околу 70 години, а на оваа австралиска фарма живеел 6 години. Претходно живеел во дивина.

Со истрагата било утврдено дека плочката е произведена во Швајцарија.

"Веројатно била во неговиот желудник со децении", заклучил Левер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг