Расправа за јавното обвинителство кон крајот на август

Нетпрес

28/07/2019

13:40

925

Големина на фонт

а а а

Пратениците прво ќе одат на одмор, а кога ќе се вратат ќе расправаат за Законот за јавно обвинителство. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, седницата ја закажа за 27 август.

Владата испрати свој предлог до законодавниот дом во кој ги прифати дел од забелешките на опозицијата и предложи спојување на СЈО со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Предметите на СЈО, според тој предлог, кои се во судска постапка ќе ги преземе новото обвинителство. Исто така, се предлага ресурсите со кои располагаше Катица Јанева да ги преземе тоа обвинителство. Премиерот Зоран Заев кога го презентираше предлог-законот, рече Вилма Русковска да остане на чело на обвинителството бидејќи се уште има мандат, а обвинителите од СЈО ако сакаат да конкурираат за обвинители во него, па да одлучува судскиот совет.

Во земјава следуваше и посета на еврокомесарот Јоханес Хан и в.д. помошник заменик државен секретар на САД, Филип Рикиер, кој испратија јасни пораки дека овој Закон за јавно обвинителство мора да се донесе. Рикер беше и остар кон опозицијата упатувајќи пораки дека времето на политички игри е завршено.

Паралелно и ВМРО-ДПМНЕ излезе со свој предлог-закон. Мицкоски побара предметите на СЈО да ги преземе државниот обвинител Љубомир Јовески, а обвинителите од СЈО прво да подлежат на истрага, па потоа да се избираат дали ќе работат во новото обвинителство или не.

Приближувања од првичните ставови во преговорите кои траат со месеци има, но засега нема никакви сигнали за конечен договор меѓу власта и опозицијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг