Бил изгубен 28 часа во океан окружен со ајкули: Токму кога сакал да се препушти и да потоне, дошол спасот

Точка

26/07/2019

16:31

22.994

Големина на фонт

а а а

Кога Брет Арчибалд, деловен човек од Јужна Африка во 2013-та година тргнал на патување со пријателите, не ни помислувал дека од сурфање неговиот живот ќе се претвори во најголем кошмар.

Кога влегле на туристички брод кој требало да плови по брегот на Индонезија, почнал да чувствува болка во стомакот. 

Претходно тој ден, на 17-ти април, купил храна кај еден уличен продавач, па се воспоставило дека се отрул.

Измачен и слаб, се потпрел на оградата на бродот, па така паднал во морето во околу 14 часот и 30 минути. Набрзо испливал и сфатил што се случило, исплашено викал и ги повикувал своите пријатели.

Меѓутоа, околу него немало никој, барем така му се чинело.

Кога успеал да се собере, лесно пливал, чувајќи ја својата енергија и чекајќи некој да го спаси. Наеднаш, станал свесен дека веројатно не е сам, а тоа го увидел кога од длабочините почнале да се појавуваат темни сенки.

Индискиот океан е една од најопасните води на светот. Тоа е најмал океан на Земјата, но е познат по бројните видови на ајкули, како големите бели ајкули. Покрај тоа, во овој океан има и многу други отровни животни, како медузи.

"Само видов ајкула пред себе и помислив - "Боже, колкава е". Изгледаше огромна, како автобус. Сфатив дека е Црноврвна гребенска ајкула, позната по црните врвови на перките, вид кој не јаде луѓе. Помислив дека таа можеби ми е единствена шанса за спас, некако да се фатам за неа и да ме одвлече до гребенот. Си замина, а мене ми потонаа сите надежи", вели Брет.

Кога паднала ноќ, Брет само пловел и размислувал за својата сопруга, замислувајќи го нејзиниот лик за да му даде сила.

Наеднаш, почувствувал голем болка - наишол на отровни медузи кои го печеле по главата и остатокот од телото. Ја преживеал ноќта, иако ни сам не се сеќава како, но следното утро го дочекала нова криза.

Видел медузи и осум перки од ајкули, па се соочил со идејата дека тоа е неговиот крај - дека ќе умре и никогаш нема да го пронајдат.

Во еден момент одлучил да се препушти на судбината и да потоне. Сепак, по една минута мината под вода, инстинктот го направил своето па тој запливал кон површината.

Неговите пријатели, кои не виделе дека исчезнал од бродот, бидејќи не му било добро па претпоставиле дека е во тоалет, сфатиле дека го нема дури во околу 16 часот попладне.

Во паника, барале од капетанот да пребараат се, но без успех. По повеќе од 28 часа минати во опасните води, Брет за некое чудо преживеал.

Го пронашол австралиски скипер на 20-тина километри источно од брегот Сипор. Имал бројни изгореници, што од сонцето, што од медузите, и бил сериозно дехидриран - но жив!




Спонзорирани линкови

Маркетинг