Хан: Владата да се фокусира на корупцијата и организираниот криминал

Макфакс

25/07/2019

11:16

2.932

Големина на фонт

а а а

Еврокомесарот Јоханес Хан на прес-конференцијата во Владата по средбата со премиерот Зоран Заев изјави дека е убеден дека земјава во октомври ќе добие зелено светло за почнување на преговорите со ЕУ.

Тој ја пофали Република Северна Македонија дека го исорачала сето она што го барала ЕУ и дека нема сомнеж дека земјата е на вистонскиот евро-атлански пат.

„Очекувам дека во октомври ќе биде завршена таа работа. Очекувавме тоа да се случи во јуни, но, за жал, не добивме позитивен сигнал, но тоа не значи дека треба да губиме надеж. Земјава многу направи и е позитивен пример во регионот, како треба да се работи на реформите“, рече Хан.

Тој додаде дека сепак работата на евро-атлантските интеграции не завршува тука и дека земјава треба да направи стабилен судски систем и да го донесе со консензус законот за јавно обвинителство.

„Независносто судство, борбата против криминалот и корупцијата и понатаму остануваат стратешка цел и таа не е важна само за ЕУ, туку за самата држава и нејзините граѓани. Сакам да ја пофалам опозицијата бидејќи е кооперативна во однос на таа цел и се надевам дека ќе покаже волја да биде донесен законот за да продолжат сите судски постапки и да се заокружи тој процес“, рече еврокомесарот.

По средбата со премиерот Зоран Заев, Хан ќе се сретне со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и со лидерот на лидерот на Беса, Биљал Касами, и новоизбраниот претседател Стево Пендаровски.

По средбите во Скопје, Хан патува за Белград каде ќе се сретне со српскот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ.


Заев: Правичен закон за обвинителство ќе ни ги отвори вратите во октомври

По средбата со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јохнес Хан, премиерот Заев истакна дека периодот кој преостанува до октомври треба да го искористиме за потврда дека се работи на состојбите во правосудството.

„Ни претстои работа и овој вакуум период треба да го искористиме да покажеме дека работиме на подобрување на системот на правосудството и она што е клучно да се усвои Законот за јавно обвинителство. Да донесеме закон што нема да амнестира никој, ниту власта, ниту опозицијата. Претстои работа и очекувам до крајот на август или почетокот на септември да го изгласаме законот“, истакна премиерот Заев.

Тој додаде дека земјава имала задача до јуни да испорача резултати во 4 области – правосудство, јавна администрација, безбедносен систем и борба со криминал и корупција. Истакна дека државата била успешна на патот на реформите, како и дека континуирно работи на нив.

„’Рекет’ е конкретен случај за борба против криминалот. Таа истрага треба да биде завршена да крај, без разлика до кој ќе води – дали до политичар, лидер на партија или сопственик на медиум. Ова не е важно само за ЕУ, туку поважно е за нас дома. Граѓаните треба да бидат сигурни дека владеењето на правото важи за сите“, рече Заев.

Премиерот посочи и дека треба да се изнајде начин за ветинг, односно проверка на сите носители на јавни функции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг