Летото е во полн ек, а вашето тело не е подготвено за на плажа?

Точка

27/07/2019

11:04

3.316

Големина на фонт

а а а

Летните одмори се во полн ек. Подготовките за одморот на плажа за некого завршија, а пак за некого сега започнуваат. Кога зборуваме за подготовка, меѓу другото мислиме и на нашето „тело за на плажа“ - нешто со кое особено девојките се многу засегнати.

Прашањето е дали е навистина „телото за на плажа“ треба да е нашиот главен мотив за да се грижиме за себе?

Одоговорот е: Не! Секој сака да изгледа убаво и да го истакне најдоброто од себе, но пред се наш главен водич при грижата за себе треба да биде нашето здравје, па потоа и нашиот изглед. 

Особено во овој период ќе наидете на мал милион написи за брзи диети, разни трикови, апчиња, масажи и третмани кои ќе ве донесат до вашата совршена фигура. Сите тие брзи „решенија“ може да бидат нож со две острици и да предизвикаат несакани ефекти на вашиот организам, имајќи предвид дека секоја нагла промена е шок за телото и не секое тело реагира добро на истата.

Од каде да почнете доколку се уште не сте започнале или пак како да се вратите на правиот пат доколку веќе сте тргнале по овие брзи решенија, кои се шок за вашето тело?  

Спортувајте 


Не ја исклучувајте секојдневната физичка активност од вашиот живот. Не мора да биде вежбање во теретана, одење на пилатес или трчање. Доколку сте во можност за такви спортови, пешачете. Доволно е да пешачите бар 30-40 минути дневно. Наместо со автомобил или јавен превоз, може да возите велосипед за да стигнете на работа или некоја друга дестинација. 

Справете се со стресот 


Избегнувајте ги стресните ситуации или доколку се најдете во некоја таква, потрудете се да не се полните со негативна енергија и учете како да се справувате со истите. Стресот поттикнува многу процеси во организмот, а ниту еден од тие не е добар за вашето здравје.  

Јадете здраво 

На вашето здравје, а и физички изглед, најголемо влијание има храната која ја консумирате. Потрудете се да јадете повеќе свежи намирници, сезонско овошје и зеленчук, храна која се базира на поголемо количество на протеини, а внимавајте на внесот на јаглехидрати, особено оние рафинирани шеќери.  

Топлото време, особено додека сме на одмор, не одалечува од кујната и честото готвење, па со тоа доаѓа и консумирање на готови намирници кои воопшто не се хранливи. Наместо тоа, со себе понесете храна која е здрава, хранлива и со избалансиран состав. 

Неколку предлози кои ви се лесно достапни, можете да ги носите секаде со себе, не бараат готвење и се супер здрави: 

NuMe протеински шејкови и протеински барчиња со колаген. Овие ниско калорични производи се одличен избор бидејќи, покрај другите придобивки, колагенот ќе ја разубави вашата кожа и коса. 


Abso Bar Zero веганските протеински барчиња, без додадени шеќери и со одлично избалансиран состав, одлични за сите кои се водат по веганскиот начин на исхрана, како и за сите останати. 


Протеински чипсови, бисквити, протеински чоколаден крем и уште многу други протеински производи од асортиманот на Про Фит. Да, да! Сега можете да јадете чипс или чоколаден крем без да се грижите за калориите и хранливите материи, бидејќи сите производи од овој асортиман се со поголемо количество на протеини, отколку јаглехидрати. Не содржат глутен, ГМО и немаат додадени шеќери. 


Dieti Snack (колачиња, протеински кранчови,чоко-топчиња со вкус на карамел и кикиритки) се нови производи од асортиманот на Про Фит и се нискокалорични и воедно богати со хранливи влакна кои ќе ви помогнат за подобра дигестија и одржување на балансот во цревната флора, имајќи предвид дека многу луѓе се соочуваат со проблеми од овој тип кога одат на одмор. Diet Snacks се одличен избор бидејќи се со намалени шеќери, а богати со протеини и хранливи влакна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг