Харадинај планира утре да свика владина седница

Макфакс

25/07/2019

09:51

846

Големина на фонт

а а а

Приштинската КТВ пренесува дека косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, кој вчера беше сослушан во специјалниот суд за воени злосторства во Хаг, планира за утре да закаже седница на Владата, која, како што се наведува, со поднесувањето на оставката самиот ја урна.

КТВ повикувајќи се на свои извори, наведува дека се работи за антиуставна намера и дека таа седница, доколку биде свикана, ќе се оддржи практично една недела откако Харадинај поднесе неотповиклива оставка.

Уставот е јасен по ова прашање, еден од неговите членови кажува дека со оставката на премиерот паѓа и целата Влада, вели телевизијата.

„Доколку премиерот поднесе оставка или од други причини, неговата/ нејзината положба останува испарзнета, владата паѓа и претседателот на Република Косово, во консултации со политичките партии или коалицијата која осовила мнозинство во Собранието, наоѓаат нов кандидат за формирање влада“, вели членот 95 од косовскиот Устав.



Спонзорирани линкови

Маркетинг