Девојките воздивнуваа по него, а тој сега го покажал своето момче

Точка

24/07/2019

17:39

6.935

Големина на фонт

а а а

Пејачот на некогаш популарната група “Blue”, Данкан Џејмс, беше еден од главните момци на музичката сцена во 2000-тите години заедно со другите членови – Ентони Коста, Ли Рајан и Сајмон Веб.

Од сите момци, Данкан беше фаворит помеѓу тинејџерките ширум светот поради сините очи и мускулестото тело.  

Меѓутоа, уште во 2012 година пејачот собрал храброст да открие пред јавноста дека е всушност геј, а три години претходно изјави дека е бисексуалец.

Неодамна, Данкан се пофалил со првата фотографија со својот партнер Родриго Рејес на својот Инстаграм профил и напишал дека е “горд што е геј”.

“Не се сметав себеси за хомосексуалец долги години поради личните борби во врска со тоа кој сум јас. Но, конечно сум среќен во својата кожа и момчето покрај мене прави да се чувствувам горд што сум геј”, заклучил пејачот. Тој претходно открил дека неговиот колега од групата, Сајмон Веб, го поттикнал да биде искрен во врска со својата сексуалност и дека тоа е најдобрата работа која некогаш ја направил.

Данкан ја има 14-годишната ќерка Тијана која ја добил пред јавно да се декларира како хомосексуалец.

Потсетете се како изгледаше Данкан тогаш:

А еве како настапува тој денес:



Спонзорирани линкови

Маркетинг