Заев: И мене едно време не ми се допаѓаше Русковска

Макфакс

24/07/2019

15:03

2.315

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање рече дека тој не ја назначил шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на чело на новото Обвинителство, туку дека таа била моментално на таа позиција.

„И мене не ми се допаѓаше Вилма Русковска едно време”, рече Заев.

Премиерот рече дека во новиот предлог-закон не е запознат дека наместо истраги се користи зборот постапки, за кои би требало да одлучува судот. Премиерот кажа дека е сигурно оти зад тоа нема ништо скриено.

“Првпат слушам за таква работа. Веројатно министерката за правда ќе ви каже што е. Нема таква намера да биде затскриена со игра на зборови”.

Премиерот повтори дека прифатиле најголем дел од предлоизите на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното обвинителство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг