Женкиот мозок реагира на порнографија интензивно исто како и мажите. Иако досега се веруваше дека постојат разлики помеѓу половите кога станува збор за секс односно дека мажите се многу повеќе заинтересирани за секс од жените и дека им е важен изгледот, се воспостави дека тоа не е точно.
Резултатите од истражувањето спроведено на над 2.000 луѓе покажуваат дека мажите и жените подеднакво реагираат на порнографија.
„Постои разлика во однесувањето - поголемиот дел од корисниците на порнографија на интернет се мажи, дури 80 отсто од вкупниот број. Но, мозокот на мажите и жените подеднакво реагира на визуелната сексуална стимулација. Тоа во што се разликуваме е однесувањето кое доаѓа по тоа“ - објаснува авторот на студијата, Хамид Нори.
Како што вели тој, жените помалку гледаат порнографија затоа што е стигматизирана, но кога ќе си го дозволат тоа себе тие се подеднакво стимулирани како и мажите.
„Резултатите не покажуваат дека женскиот и машкиот мозок реагираат исто на порнографија затоа што скенирањето на мозокот само ја покажува активноста на ниво на релативно големи анатомски структури“ - заклучува Хамид и додава дека сè уште постои разлика на нивото на мозочните ќелии кои не се гледаат на скенерите.