Иран објавил снимка од морнарите од запленетиот танкер: Пијат кафе, готват и вршат задачи! Никој кон нив не се однесува непријателски

Точка

23/07/2019

19:13

3.393

Големина на фонт

а а а

Иранската државна телевизија објавила видео снимка од екипажот на запленетиот британски нафтен танкер "Стена Имперо" на која може да се видат морнарите со добро здравје и како вршат рутински задачи.

Во еден кадар на снимката може да се види како екипажот кој го сочинуваат 23 морнари од Индија, Летонија, Русија и Филипините разговараат со маж за кој се претпоставува дека е ирански службеник. Иако можеби изгледа како морнарите да се нервозни, очигледно е дека окружението не е непријателски настроено. 

На друг кадар се гледа како екипажот разговара пиејќи кафе. Видеото исто така ги прикажува членовите на екипажот кои вршат рутински задачи, од надгледување на опремата до готвење во бродската кујна.

Потсетуваме, во петокот танкерот кој плови под знамето на Велика Британија во Ормускиот мореуз бил заробен од Корпусот на чувари на Исламската револуција во Иран, откако наводно ги прекршил меѓународните правила.

Велика Британија го осудила тој потег, нарекувајќи го неприфатлив. Нападот дошол во екот на британско-иранските тензии, кои ескалирале откако Велика Британија го заземала иранскиот супертанкер во близина на Гибралтар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг