Милијардерот повторно ги поместува границите: Сака во мозоците да стави чудни импланти, а експериментот на мајмуни веќе успеал! Еве за што станува збор

Точка

23/07/2019

16:56

5.465

Големина на фонт

а а а

"NeuraLink", компанијата која ја основал Илон Маск за да ги истражи начините за поврзување на човековиот мозок со компјутерски интерфејс, барала дозвола од американските законодавци за да започне со тестирање на уредите на луѓе.

Уредот е веќе тестиран кај мајмун кој успеал со мозок да контролира компјутер, тврди Маск. Од компанијата наведуваат дека сакаат да се сконцентрираат на пациенти со сериозни невролошки проблеми. 

Но, Маск пред се има идеја за иднина со "суперчовечка когниција". Уредот кој компанијата го направила е сочинет од мали сонди кои содржат повеќе од 3.000 електроди прикачени за флексибилни навои - потенки од човечката коса - кои може да надгледуваат активност на 1.000 неврони.

Предноста на овој систем, како што истакнуваат во компанијата, е што ќе може да таргетира специфични делови од мозокот, што операциите може да ги направи побезбедни. Исто так, ќе може да се анализираат забележани информации, за да се утврди типот на стимулација која му одговара на пациентот.

"Неуралинк" не објаснува како системот ги пренесува мозочните активности или како уредот може да ги стимулира мозочните ќелии. "Не е дека наеднаш ќе имаме некоја неверојатна невронска мрежа и дека ќе контролираме човечки мозоци", рекол Маск на презентацијата.

Но, на оние кои тоа ќе го прифатат, системот ќе им овозможи "симбиоза со вештачката интелигенција". Маск претходно изјавилд ека вештачката интелигенција би можела да ја уништи човековата раса. "Дури и во најблаго сценарио на вештачка на вештачка интелигенција, би биле победени", изјавил тој.

"Со мозочен интерфејс со голем проток, можеме да бидеме во тек и да имаме опција да се соединиме со вештачката интелигенција". Поврзувањето на мозокот со интерфејс би создало нов слој на "суперинтелигенција" во човековиот мозок, додал тој. Нешто што луѓето "веќе го имаат со помош на нивните телефони".

Маск потоа открил дека уредот на кој "NeuraLink" работи е тестиран на мајмуни и дека животното успеало со мозок да контролира компјутер.

Компанијата сега бара дозвола да започне со тестирање на луѓе. Дозволата ќе мора да ја издаде американската Управа за храна и лекови. Маск исто така сака да вработи нови научници во компанијата која моментално брои 100 вработени. Некои научници тврдат дека компанијата "NeuraLink" ги поместила границите на моменталната лабораториска технологија.

Компанијата објавила научен труд во рамките на оваа најава, но истиот не е рецензиран, а тоа се смета за неизоставен дел од секое ново научно откритие. Научничката Да Силва, експерт во областа на вештачката интелигенција, вработена во НАСА, го посетила настанот и изјавила дека "Технологијата која NeuraLink ја најавува е многу интересна затоа што не е инвазивна како некои претходни обиди во ова поле".

"Плановите кои ги опишуваат бараат работа на многу технички и етички предизвици, но ваквата технологија би можела да претставува голем чекор при ублажувањето на сериозни здравствени проблеми, како епилепсија или Паркинсонова болест".

Колдинг Лаб, Твитер профилот на научниците од одделението за неуронаука при Универзитетот во Пенсилванија, наведува дека тука не станува збор за ништо револуционерно, туку станува збор за многу креативни идеи, што сугерира дека компанијата е "на добар пат".

Ендру Хајерс, професор по неуробиологија на Универзитетот Јужна Калифорнија, на Твитер напишал дека компанијата "NeuraLink" ги поместила границите на моменталната лабораториска технологија.

"NeuraLink" не е единствена компанија која работи на вакви прашања. "Кернел", која ја основал Брајан Џонсон, исто така се обидува да ги подобри и прошири границите на човековата когниција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг