Даниел Редклиф открил семејна трагедија и почнал да плаче пред камерите

Точка

23/07/2019

16:59

3.324

Големина на фонт

а а а

Тоа било семејна трагедија и дури ни магичното стапче на Хари Потер не можело да ја отстрани болката која актерот ја почувствувал читајќи го тоа писмо.

Даниел Редклиф, актерот кој го играл детето магионачар во осум филмови засновани на книгите на ЈК Роулинг, се расплакал кога го прочитал прошталното писмо кое го напишал неговиот прадедо, кој си го одземал животот. 

Актерот имено се појавил во емисијата на BBC, "Who Do You Think You Are?" и дознал болна семејна трагедија и детали кои претходеле на самоубиството на неговиот прадедо.

Во емисијата Редклиф дознал детали за својот прадедо Семјуел Гершон, кој држел семејна јувелирница, која била ограбена во 1936-та година. Крадецот однел накит во вредност од околу 3.000 долари.

Бидејќи се плашел дека нема да може да ја наплати штетата од осигурителната компанија, прадедото на Редклиф не можел да се избори со притисокот и се самоубил, пренесува "Independent".

"Само сакав да се вратам во минатото и да му кажам дека преку било што и да минува, има многу да им понуди на луѓето кои се околу него и кои и натаму го сакаат", рекол прилично потресениот Редклиф.



Спонзорирани линкови

Маркетинг