Шекил О’Нил зад миксетата направил одлична атмосфера на Зрче

Точка

23/07/2019

16:25

4.239

Големина на фонт

а а а

Шекил О’Нил настапувал на Зрче во склоп на фестивалот “Pow Wow” и докажал дека неговите таленти немаат граници.

Шекил или “DJ Diesel” се смета за највисокиот диџеј на светот – тој е висок дури 216 центиметри и тежок околу 150 килограми. 

Пензионираниот кошаркар се занимава веќе неколку децении со музика, а откако ја завршил кошаркарската кариера во целост му се препуштил на диџејството.


Во наредниот период го очекуваат настапи на “Hard Summer Festival” во Лос Анџелес, “Electric Zoo” во Њујорк, како и “Lollapalooza” во Чикаго.


Во Хрватска допатувал од Белгија каде настапувал и на “Tomorrowland”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг