Сè за ракот од кој мисицата Дијана починала: Кај младите жени не покажува симптоми, а еве што треба да направи секоја жена еднаш годишно

Точка

23/07/2019

15:16

6.009

Големина на фонт

а а а

Дијана Милојковиќ починала во понеделникот на 33 годишна возраст по петгодишна борба со интензивен карцином на матката. Таа открила дека има метастази на лимфните жлезди во абдоменот и така ја започнала борбата со овој “убиец“.

Карциномот на матката спаѓа во многу опасни тумори кој на почетокот не дава никакви симпроми. Александра Костиќ, специјалист гинеколог, раскажала кои се првите симптоми на карцином на матката.

„Тоа е една широка приказна затоа што ракот на матката може да биде и рак ендометриум, метастаза од некој друг орган на пример грлото на матката. Метастазата најчесто оди на најблискиот орган, а подоцнаи на подалечните органи. Овој вид карцином на почетокот не дава никакви симптоми, а кога ќе почнат симптомите да се покажуваат тогаш тоа е често поодмината фаза на болеста. Почетните симптоми може да бидат многу неспецифични, луѓето не ги препознаваат“ - изјавила д-р Костиќ.


„Карциномот на јајниците се открива “на среќа“ затоа што не постои скрининг за карцином на јајниците како што не постои ниту за карцином на грлото на матката. Ракот на грлото на матката може да се открие ултразвучно, но тоа не е специфичен метод. Ултразвукот е помоќна дијагностичка метода и не може со сигурност да ни укаже дека некој има рак. Обично се сомнева дека станува збор за рак на матката па се прави биопсија па потоа пациентот се праќа на хистопатолошки, но кај младите луѓе е потешко. Лесно ни е кога ќе дојде некоја жена во менопауза па има задебелен ендометриум па ќе ѝ направиме киретажа и ќе добиеме налог дека станува збор за карцином, но кога станува збор за млада личност кај која ендометријата е потенка тогаш многу тешко може да се постави дијагноза“ - истакнува таа.

Важно е да се спомене кои се првите симптоми на оваа болест и што е најважно што треба да знаете за оваа болест.

„На почетокот дури и со години можно е да немате симптоми. Потоа почува исцедокот и тоа што е типично е контактното крварење или пак крварење во текот на сексуалниот однос. Тоа веќе зборува за некоја поодмината фаза на болеста. Во рана фаза, кога може да се спречи настанување на карцином, оваа болест не дава никакви симптоми“ - изјавила д-р Костиќ.


Превентивните прегледи во овој случај се нешто што може да ве заштити од појава на оваа подмолна болест.

„Еднаш годишно е сосема доволно да се прават контролни прегледи и тоа што е многу важно е заштита - кондом! Причина за карцином на грлото на матката е HPV вирусот кој се пренесува по полов пат. Некогаш ни кондом не може да ве заштити во целост затоа што еден дел од кожата не е покриен со кондомот, но во повеќе од 90 отсто од случаите тој е бариерна заштита и е на првото место на превенција!“

„Фактори на ризик се промискуитет, слаб имунитет (кога имунитетот е добар организмот сам ќе се избори со вирусот, но доколку е слаб тогаш тоа е чекор до болеста), пушењето, но само доколку личноста дојде до контакт со вирусот тогаш може да зборуваме за настанување на карцином“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг