Познатата манекенка Тајра Бенкс се потсетила на своите почетоци во модната индустрија и проговорила за својот однос со манекенката Наоми Кембел, на почетокот на кариерата.
Тајра за "Wall Street Journal" изјавила дека најпознатата црнкиња во светот на модата, Наоми Кембел, правела се што можела да ја "истера од модната сцена".
Иако не би ја нарекла ривалка, Тајра истакнува дека Наоми правела се за да таа да се чувствува непосакувано кога влегла во модната индустрија.
"Тоа не беше ривалство. Многу сум чувствителна на тој збор, бидејќи ривалство подразбира двајца еднакви. Таа тогаш беше доминантна, беше супермодел, јас бев само нова девојка која дојде со авион во Париз и ја проучуваше модата и списанијата", изјавила Бенкс.
Вели дека не и било лесно на почетокот, и своите први денови од кариерата во Париз и биле многу тешки токму поради Наоми.
"Работев на голем број на ревии, но дома одев расплакана, бидејќи Наоми очигледно не сакаше да бидам таму и правеше се што е во нејзина моќ да ме натера да си одам", нагласила Тајра.
Тајра Бенкс не го сфаќала нејзиното однесување, кое го нарекла грозно и страшно.
Вели дека Наоми се плашела дека Тајра ќе и го загрози местото, што не било случај со останатите манекенки.
"Кога дојдов на сцената и бев закана, бидејќи нова црна девојка може да и го заземе местото, а само едно беше слободно", нагласила Тајра.
Сепак, во 2013-та година Наоми Кембел во интервју за "Elle" ја пофалила својата колешка и истакнала дека е горда на неа.