Утрово на социјалните мрежи се појавија неколку снимки од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која била “фатена” во фризерски салон во Скопје. Засега не е познато кога настанале ваквите снимки.
Јанева од минатата недела е на боледување, а еден ден пред да го отвори боледувањето, таа поднесе оставка која ќе стане активна со изборот на нов јавен обвинител.
Како за сите настани во државава, така и за овој Твитер заедницата не пропушти шанса да се пошегува, овој пат на сметка на Катица и објавените видеа, а еве само дел од нив:
Село гори, Ката се чешла! pic.twitter.com/9jQoF1oyHQ
— Ѓорѓи Влајнкиноски 🇲🇰 (@gjorgjiVV) July 23, 2019
"ВИДЕО: Катица Јанева во фризерски салон, додека користи боледување"
— Бапчо (@TheFitzzz) July 22, 2019
- Пак ќе речам, дур не стрпаат некој доктор у затвор за лажно издавање на боледување за курташак, никад нема да бидеме држава... Катица е 5678-та особа која за соучесник има доктор, бруки сме, белосветски бруки
Од вештачењето на мобилниот на Катица Јанева се дозна дека е админ на групата Женски домаќински муабети.
— Џентлмен Филип (@TheSoulBlightR) July 22, 2019
Брекинг њуз !!! КАТИЦА ЈАНЕВА ГО ПРЕКИНАЛА БОЛЕДУВАЊЕТО. НОЌЕСКА СЕ ВРАЌА ВО СКОПЈЕ И УТРЕ САБАЈЛЕ Е НА РАБОТНО МЕСТО НА РУЗВЕЛТОВА
— vladimir nikolic (@vladnik55) July 22, 2019