Таа изгорела жива, а тој загинал со две деца во своите раце: Познати актери кои ги загубиле своите животи на филмски сет

Точка

23/07/2019

21:32

9.751

Големина на фонт

а а а

Овие актери доживеале огромни трагедии со смртен исход за време на снимањата.

Пукање на аорта на сцена 

Џон Ритер во моментот на смртта работел на серијатa “8 Simple Rules”. Ритер во 2003 година снимал сцена, кога одненадеж паднал на подот. Тој веднаш бил одведен во болница во кома, а докторите утврдиле дека дошло до пукање на аорта. Починал истата ноќ, само неколку дена пред 55-тиот роденден.


Руски рулет

Џон-Ерик Хексум, американски модел и актер, важел за еден од најсексапилните мажи на 80-тите. Неговиот живот трагично завршил во 1984 година, кога имал само 26 години.


Снимајќи една од епизодите на “Cover Up” – серија која тогаш веќе го освоила светот, Џон од здодевност одлучил да се забавува со пиштол кој бил дел од реквизитите. Мислејќи дека е потполно безопасен, го наслонил на главата симулирајќи руски рулет и го притиснал чкрапалото. Хексум не знаел дека дури и кога во пиштолот нема вистински куршум, тоа може да биде кобно. Парчињата од полнењето во пиштолот завршиле во неговиот мозок. Итно бил префрлен во болница и подложен на операција која траела полни пет часа, но завршила безуспешно.

Мислеле дека се шегува кога паднал

Ред Фокс бил комичар кој починал во 1991 година, на снимањето на серијата “The Royal Family”. Кога паднал држејќи се за срце, неговите колеги на сетот мислеле дека станува збор за шега, со оглед на тоа што актерот бил склон на тоа. Имал 68 години.


Вистински куршум наместо лажен

Брендон Ли, синот на Брус Ли, глумел во многу кунг-фу и акциони филмови во 80-тите и 90-тите години. Во текот на снимањето на филмот “The Crow” во 1993 година, актерот го толкувал ликот на Ерик Дрејвен, а во една сцена тој требало да се соочи со неговиот негативец кој користел пиштол наполнет со филмски куршуми. Меѓутоа, во пиштолот се нашол вистински куршум. Снимањето било веднаш прекинато, а и покрај 6-часовната операција, актерот починал на 29 години.


Изгорела жива

Марта Менсфилд, ѕвезда на немите филмови, ја снашла бизарна смрт. Во дамнешната 1923 година, актерката по снимањето на “The Warrens of Virginia” седела во автомобилот со колегата и пријателите, а потоа следела стравична несреќа.


Некој од присутните запалил цигара и го фрлил чкорчето кое паднало на фустанот на Марта, направен од лесно запаллив материјал. Несреќната актерка за секунда се нашла во пламен, а и покрај брзата реакција, таа починала следниот ден во болница на 24-годишна возраст.

Настрадал со деца во своите прегратки

Вик Мороу го загубил својот живот во текот на снимањето на “Twilight Zone: The Movie” во 1982 година, со уште две деца кои исто така глумеле во филмот. Во сцената која ја снимале биле вклучени пиротехнички средства и хеликоптер.

Несреќата се случила кога пиротехниката експлодирала, зафаќајќи го хеликоптерот кој паднал и буквално го покосил актерот кој носел деца во своите раце. За овој трагичен настан, на крајот никој не одговарал, а снимањето продолжило.

Смрт во пустина

Кен Штидман загинал во 1996 година, на 28 години, толкувајќи ја главната улога во тогаш популарната серија “Sliders”.


Серијата изобилувала со многу каскадерски делови, но актерот секогаш глумел сам. Кога во една прилика возел пустински џип, се превртел во суво езеро во Калифорнија. Бил одведен со хеликоптер во болница, но набрзо им подлегнал на повредите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг