Реакциите и гестикулациите на Чави за време на дебито како тренер

Дерби

23/07/2019

10:58

2.069

Големина на фонт

а а а

Чави Ернандез неодамна стави и дефинитивен крај на својата играчка кариера, но веднаш стартуваше со своите нови обврски во функција на тренер, авантура која најави дека ќе ја стартува многу претпазливо, одејќи чекор по чекор.

Легендата на Барселона потпиша договор со Ал Сад каде ја стартуваше својата прва тренерска авантура, а сега го имаше и своето деби крај аут линијата кое секако е поразлично од улогата која ја имаше на теренот. Чави дебитираше со реми од 1:1 против Паламос, но сепак она што им привлече посебно внимание на шпанските медиуми беа гестикулациите на Чави, односно неговите движења и инструкциите кои им ги даваше на фудбалерите.

Може да се забележи дека Ернандез е доста активен крај аут линијата, нешто во стилот на Пеп Гвардиола за кого Чави посочи дека е негов најголем пример пред почетокот на тренерскиот предизвик.



Спонзорирани линкови

Маркетинг