Набил Фекир пред само една година беше на чекор од Ливерпул и всушност беше на медицински прегледи во „Мелвуд“, но откако излегоа компликации при комплетирањето на истите, трансферот пропадна, односно договорот меѓу Лион и Ливерпул беше поништен и фантастичниот напаѓач мина уште една сезона во Франција.
Лион минатата сезона требаше да заработи 60 милиони од трансферот на својот најдобар играч, но ова лето беше јасно дека Французите нема да добијат ниту двојно помалку, бидејќи неговиот договор истекуваше наредната година. Фекир на крајот избра еден изненадувачки проект во кој дефинитивно ќе добие улога на главна ѕвезда, а комплетната зделка се комплетираше половина час по полноќ откако Бетис и официјално соопшти дека напаѓачот од Франција е бомбастично засилување за новата сезона.
Бетис издвои 20 милиони евра за ангажманот на светскиот шампион од минатата година и соопшти дека ќе стави потпис на четиригодишен договор, операција која од друга страна пак само ни потврдува дека клубот од Андалузија ќе му дозволи на Ло Селсо да го направи посакуваниот трансфер со оглед на тоа што двајцата играчи имаа крајно слични карактеристики. Во зависност од формата која ќе ја прикаже во Бетис, Лион може да заработи и дополнителни 10 милиони евра од бонуси, а францускиот клуб задржа и 20 проценти од првата на фудбалерот кога е во прашање следната продажба на голгетерот кој потекнува од Алжир.
📣 OFFICIAL | #RealBetis sign Nabil Fekir 📝🤝
— Real Betis Balompié (@RealBetis_en) July 22, 2019
Welcome, @NabilFekir! 🧞♂️🤤
➡ https://t.co/ImcCvzYBJr pic.twitter.com/75YkDdgBjL