Славниот режисер го прашал Путин да биде кум на неговата ќерка! Рускиот претседател го прашал дали таа ќе премине во православие, а Стоун го шокирал со одговорот!

Точка

23/07/2019

21:33

15.523

Големина на фонт

а а а

Славниот американски режисер Оливер Стоун го замолил Владимир Путин, претседателот на Русија, да биде кум на неговата 22-годишна ќерка Тара.

Неочекуваната молба не е изненадување, имајќи во предвид дека Стоун и Путин имаат близок однос и дека тој направил многу популарно интервју со шефот на Кремљ, како и дека го снимил документарецот "Борба за Украина", во кој открива непознати детали за случувањата на Мајдан. 

Путин според православните обичаи не ја одбил молбата, туку имал неочекувано прашање за Стоун.

"Дали твојата ќерка сака да премине во православие", прашал Путин, на што режисерот му возвратил: "Нема проблем, ќе направи се што е потребно".

Путин потоа му порачал на режисерот да ја праша својата ќерка дали сака да ја промени верата.

Како што пренесува порталот "Daily Beast", Стоун на Путин потоа му се пожалил на американската култура и се поизразениот фокус во врската со половиот идентитет, бидејќи луѓето се повеќе се изразуваат како трансексуалци. Режисерот потсетил на контроверзниот закон усвоен во Русија во 2013-та година, кој забранува "хомосексуална пропаганда" меѓу малолетници, а за кој критичарите тврдат дека придонел за насилство кон хомосексуалците.

Транскрипти од интервјуто објавено во јуни биле поставени на сајтот на Кремљ пред премиерата на документарецот на Стоун за случувањата во Украина, кои земјата ја довеле на раб на граѓанска војна. Стоун, кој е познат по разоткривање на теории на заговори, во тој филм ги оспорува наводите дека Русија стои зад ликвидацијата на учесниците на протестите на Мајдан во 2014-та година, како и дека властите во Украина, а не официјална Москва, се мешале во американските претседателски избори во 2016-та.

"Изгледаш многу депресивно, многу подепресивно од последниот пат кога се видовме. Многу сум загрижен за тебе", му рекол Стоун на Путин во еден момент.




Спонзорирани линкови

Маркетинг