Клоп и Ван Дајк го запознаа џинот на Бостон: Ќе ме изеде жив за доручек

Дерби

23/07/2019

10:27

1.664

Големина на фонт

а а а

Голем дел од европските екипи се на турнеја во Соединетите Американски Држави, а меѓу нив е и премиерлигашот Ливерпул.

Нормално при ваквите настани има интересни случувања, возбудувања, ама и занимливи средби како оние на „црвените“ со сенегалскиот џин од редовите на Бостон Селтикс, Тако Фол. Вирџил Ван Дајк и Јирген Клоп имаа можност да се сретнат со него, но и тие изгледаа како мали деца со оглед на тоа што африканецот е висок „само“ 231 сантиметри.

- Што? Ќе ме изеде жив за доручек, - искоментира Ван Дајк.

Клоп пак се пошегува дека конечно пронашол напаѓач и го спореди со Питер Крауч.



Спонзорирани линкови

Маркетинг