Тим се враќа во Сан Антонио: Данкан ќе му биде десна рака на Попович

Дерби

23/07/2019

10:25

940

Големина на фонт

а а а

Легендарниот НБА центар, Тим Данкан се враќа во таборот на Сан Антонио Спарс, но со сосема поинаква улога како асистент на тренерот Грег Попович.

Данкан целата своја играчка кариера ја мина во таборот на Спарс каде е лидер по бројот на поени, скокови и блокади, а воедно е единствениот човек кој бил дел од сите пет титули на клубот од Тексас.

Сега Тими започнува нов предизвик, a тоа посебно го радува Попович кој го чувствува Данкан како син со оглед на тоа што се знаат повеќе од 20 години.

- Соодветно е што по 19 години во кои лојално му служев како асистент на Тим Данкан тој сега да ја врати услугата, - порача во свој стил Попович.

Данкан пред три години ја заврши играчката кариера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг