Манекенката води борба со тешко психичко нарушување: Никогаш не била задоволна од изгледот, а еве кај ја довело тоа

Кармин

23/07/2019

10:19

4.247

Големина на фонт

а а а

Бриџет Малколм е манекенка која на прв поглед има сè што би можела да посака една жена – пари, слава, убавина, луксузна облека, патувања и раскошен стил на живот. Сепак, Бриџет водела долгогодишна борба со нарушување во исхраната, многу чест проблем кој претежно “удира” на тинејџерките и младите девојки.

Таа по пеколот низ кој проаѓала сепак успеала да ја победи анорексијата, но вели дека и понатаму се бори со последиците од ова опасно нарушување. 

“Две години живеев само на варен зеленчук и протеински напитоци. Бев толку неисхранета што ми беа потребни 10 минути за да се качам по скали. Бев хронично уморна, заспивав во 20 часот бидејќи немав енергија. Косата постојано ми паѓаше”, раскажала манекенката.

Иако се ослободила од ваквата агонија, убавицата сè уште не може да каже дека е целосно здрава – таа денес пати од т.н. телесна дисморфија.

Телесната дисморфија е комбинација од анксиозност, опсесивен страв и несовладливи потреби нешто да промениме на своето тело. Означува ментална состојба во која преовладуваат мисли дека нешто сериозно не е во ред со нашето тело и преземање на сите можни мерки да се прикрие или поправи наводниот недостаток.

“Мојата дисморфија во овој момент е особено изразена. Нема причина за тоа – ниту сум накачила, ниту изгубила килограми. Од некоја причина, се чувствувам исклучително непријатно. Најмногу на светот би сакала да ја намалам големината која ја гледам во огледалото, а знам дека ако го направам тоа, ќе го загрозам својот живот”, додала Малколм.

“Ова не значи дека ќе биде лошо за еден час, еден ден или за месец дена. Сè се менува, а денешната нелагодност не значи дека утре нема да бидам среќна и силна. Меѓутоа, она што го знам е дека изгладнувањето завршува со голема болка – како за мене, така и за оние кои ме опкружуваат. Тоа е бавен и постепен пад, но сепак е пад”.

Бриџет нагласила дека ќе продолжи да има по три оброци дневно, да вежба за да добие сила, дека ќе го избегнува огледалото и дека ќе се фокусира на односите во својот живот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk