„Vogue“ го прогласи најпопуларното модно парче од претходната деценија, а вие сигурно го имате во вашите гардеробери

Точка

22/07/2019

20:39

4.119

Големина на фонт

а а а

Може секаде да се купи и не чини многу скапо. Популарното модно списание „Vogue“ кое ги одредува модните трендови, оваа година одлучи да им посвети внимание на некои трендови кои ја одбележаа претходната деценија.

Се воспоставило дека хеланките убедливо и без конкуренција го обележале периодот од 2012-та година.

Хеланките во најразлични облици поминувале низ модните трендови во претходните години, а освен како дел од спортска или “кежуал“ комбинација, биле застапени и во елегантните стилови.


Освен тоа, се работи за парче облека кое апсолутно секоја жена на планетата го има во својот гардеробер.

Најпопуларни се во комбинација на спортска елеганција, а најобичните црни хеланки се универзално парче кое може да се искомбинира со сè.




Спонзорирани линкови

Маркетинг