Драма во Индија, гори зграда од 9 спратови: Внатре се заробени десетици луѓе, пожарникарите се борат со пламенот

Точка

22/07/2019

19:41

1.474

Големина на фонт

а а а

Се стравува дека десетици луѓе се заробени во зграда на 9 спратови во која денеска избил пожар во финансискиот центар на Индија, изјавил претставникот на пожарникарите, Еохам Мор.

„16 пожарникарни возила се обидуваат да го изгасат пожарот и досега се евакуирани 25 луѓе со помош на хидрауличните платформи во градската област Бандра“, рекол Мор за „АР“.


Властите стравуваат дека уште 25-30 луѓе се заробени во зградата, во која се наоѓа и канцеларијата на државната телекомуникациска компанија.

На телевизиските снимки се гледаат луѓето кои кршат прозорци и им мавтаат на пожарникарите за да ги евакуираат.


Една жена која била спасена од пожарникарите, за телевизија во Њу Делхи рекла дека уште 30 до 40 луѓе чекаат на евакуација. Засега нема известување дека некој настрада. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг