Трамп и 9/11: Авторите на Симпсонови конечно откриле како ја “предвидуваат иднината”

Точка

22/07/2019

15:27

4.410

Големина на фонт

а а а

Анимираното семејство Симпсон повеќе од 30 години ги забавува гледачите ширум светот, а неговите автори поставија стандарди за останатите аниминирани ситком серии поради гостувањето на бројни славни личности и повремените предвидувања на иднината.

“Седите во соба со 10 до 20 духовити луѓе”, вели авторот Ал Џин за “BBC”. Тој е заедно со Барт и останатите членови на семејството уште од 1989 година, односно откако серијата започнала да се прикажува. 

“Најдобро е всушност кога Трамп ќе направи нешто глупаво, па многу луѓе почнуваат да го коментираат тоа и настанува шега. Да, многу нѝ е забавно”, вели Џин и додава дека работењето на серијата е како групна терапија.


“Во светот се случуваат толку многу работи што повремено мора да се состануваме и да зборуваме за тоа”, вели сценаристката Стефани Гилис. Често настаните и ситуациите кои сè уште не се ни случиле, завршуваат во серијата.

Во последните години често се нагодувало и дека Симпсонови предвиделе некои работи во иднината, а едно од таквите “предвидувања” е и дека Доналд Трамп ќе стане претседател на Америка. Серијата ја предвиде и епидемијата на ебола како и настапот на Лејди Гага на Супербоул.

“Во 2000 година зборувавме за тоа која славна личност би можела да стане американски претседател, па нѝ падна напамет дека тоа би можело да биде Трамп”, вели Ал.

Талентот за предвидување на иднината создаде плодно тло за теоретичарите на заговори, особено по емитувањето на епизодата во која Симпсонови пристигнуваат во Њујорк, а во неа има многу симболика и алузија на терористичкиот напад на 11-ти септември 2001 година.


“Членовите на семејството купуваат водич за Нујорк на кој покрај фотографијата од кулите близначки стои цена од 9 долари, што изгледа како датумот 9/11, но всушност целата ситуација е чиста случајност”, додал авторот.

Во стотина епизоди постојат многу случаи во кои се предвидува иднината, но сето тоа е случајност:

“Ако на масата ставите доволно предвидувања, по закон на веројатноста, 10 отсто од нив навистина и ќе се случат”, смета Ал и додава дека тие се некои видови на футуролози бидејќи има настани кои ги предвидуваат и по 10 месеци однапред.

“Ние всушност се обидуваме да погодиме што ќе се случува во светот”, додава Стефани.

Треба да се истакне и фактот дека во серијата гостуваат голем број на славни личности, а досега имало повеќе од 800. За многу славни личности, гостувањето во серијата било своевидна потврда на нивната глобална успешност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг