Бијонсе ја понижи Меган Маркл пред целиот свет: Не само што го прекршила протоколот туку и на премиерата пристигнала разголена

Точка

22/07/2019

15:15

10.910

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл и Бијонсе се запознале минатата недела на премиерата на филмот „Кралот лав“ во Лондон, а за нивната средба не престанува да се зборува со оглед на тоа што во јавноста секојдневно се објавуваат секојдневни нови, интригантни детали.

Прво британската јавност побеснела поради однесувањето на Бијонсе на споменатиот настан затоа што го прекршила протоколот поради тоа што ја прегрнала Меган, и ја стегнала за раката и ја потапкала по грбот, а потоа ѝ дала и неколку совети за родителство.

Меѓутоа, според најновите пишувања на британските медиуми, славната пејачка на премиерата ја разбеснела и самата Меган. Како што наведуваат, Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи на премиерата дошле по Меган и Хари, што исто така претставува кршење на протоколот. Причината за нејзиното каснење бил фустанот кој Бијонсе избрала да го носи таа ноќ.

Фустанот пред одењето на настанот ѝ се скинал па викнала кројачка во нејзиниот хотел. Кога Бијонсе конечно се појавила на свеченоста, Меган побеснела затоа што таа била разголена и на тој начин ја засенила.




Спонзорирани линкови

Маркетинг