Неповолна ждрепка: Македонија доби тешки противници во квалификациската група за ЕП

Дерби

22/07/2019

14:43

1.581

Големина на фонт

а а а

Македонската кошаркарска репрезентација навистина немаше среќа при извлекувањето на квалификациските групи за Европското првенство кое ќе се игра во 2021 година, бидејќи се најде во групата Б во која се најдоа три навистина тешки ривали.

Македонија ќе треба значително да го подигне нивото на игра за да обезбеди место на Евробаскетот, бидејќи во нашата група се репрезентациите на Италија, Русија и Естонија. Единствено позитивно е што на овие натпревари нашиот тим ќе нема што да загуби, а исто така, мотивација сигурно нема да недостасува бидејќи сите три тима се фаворити на хартија во дуелите со Македонија.

Континенталниот собир е на програмата за две години, а домаќините ќе бидат селекциите на Чешка, Грузија, Италија и Германија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг